Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во изјава за државната телевизија „БНТ“ вели дека Софија не и ставила вето на Македонија, туку само оставила простор преговорите да почнат кога земјата ќе се подобри.
Тој ги повика политичарите, македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти.
-Тука од југословенско време населението се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци, кон Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори….Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец.Само ние Бугарите сме некакво долно племе, истакна во интервјуто Красимир Каракачанов вицепремиер на Бугарија.