Кандидатот за пратеник од Европскиот фронт во изборната зона 6, Салих Мурат денеска се сретна со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. На средбата се разговараше за последните случувања во земјата и регионот.

“Денеска во палатата Долмабахче во Истанбул остваривме средба со мојот стар и драг пријател, Претседателот на Република Турција, г-дин Реџеп Тајип Ердоган. Би сакал да му изразам искрена благодарност за овој љубезен прием” – изјади после средбата, Мурат.