Американскиот рапер Је (порано: Кање Вест), призна дека никогаш во животот не прочитал ниту една книга и оти има одбивност кон читањето воопшто.
– Спомнавте, не сум ја прочитал таа книга… Всушност, јас не сум прочитал ниту една книга. За мене, читањето е како јадење бриселско зелје. А, разговорот за тоа е како равиоли со фил од пченка, рече рап-пејачот во интервју за интернет-емисијата „Аломајндфул“, алудирајќи дека не би го јадел тоа.
Музичарот кој официјално си го промени името во Је, разговараше за некоја книга со водителот Дени Харис, кој не стигна да го спомне ниту насловот. Је притоа нагласи дека не тврди дека е во право за тоа и некои други работи.
Подоцна во разговорот, раперот ги сподели своите размислувања и погледи за модата, музиката и други негови работни потфати.