ФОТО: TV21

Камион утрово пропаднал на просторот кај фонтаната, која подолго време не работи, на плоштадот во Скопје. Ова не е трет пат да пропадне возило на ова место. Како што е познато, претходно во два случаи камион пропадна на оваа фонтана, која не работи.

Од Град Скопје велат:

-Приватен субјект со возило камион без дозвола неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што е причинета штета на плочникот. Градот Скопје остро го осудува овој чин, ќе ги преземе сите законски мерки за извршување на инспекциски надзор како и за санкционирање, по што за причинетата штета врз јавните добра на плоштадот ќе се бара надомест на штета. Ваквото однесување од страна на поединци е недозволиво и за истото ќе се спроведат најстроги санкции.