Камала Харис, новоизбраната претседателка на САД, ќе се најде на насловната страница на магазинот Вог, но од нејзиниот тим тврдат дека се појавил проблем бидејќи фотографијата не е таа за која Харис се согласила да биде на насловната.

Харис за насловната страница позирала во светлосино одело пред златна позадина, како и во полежерна комбинација – облечена во панталони, палто и патики пред розева и зелена позадина, но тие слики биле предвидени за внатрешните страници, рекол човек од тимот на Харис кој учествувал во преговорите за тоа како ќе биде прикажана Камала и кој сакал да остане анонимен, пренесува Асошиејтед прес.

Харис на 20 јануари ќе положи заклетва за потпретседател, кога и Џо Бајден ќе ја положи заклетвата за претседател.