Италијанските медиуми изнапишаа приказни дека француската суперѕвезда Пол Погба, на крајот на сезоната ќе си замине и Јувентус ќе му го прекине договорот,  но така не мисли извршниот директор Франческо Калво, кој сѐ демантираше.

„Се изначитав разни наслови и разни текстови низ медиумите околу Пол Погба, дека ќе го продаваме, дека ќе му го раскинеме договорот. И сѐ тоа е чиста лага и само – невистина! Пол останува во Јувентус и се надеваме сите дека многу брзо ќе го гледаме на теренот“, рече Калво.

Погба летоска се врати бесплатно во Јувентус после шест години во Манчестер јунајтед каде замина за тогашен светски рекорден трансфер од 105 милиони евра, но навивачите на Јувентус скоро да не го видоа во ритам поради повредите што ги влечеше и што како на филмска лента ги здобиваше.

Прикажи повеќе