Најдобриот тенисер од Македонија, Калин Ивановски направи нов скок на АТП-листата. Тој вчера поради повреда мораше да го предаде финалето на ИТФ турнирот во Монастир, Тунис. И покрај Ивановски направи нов скок на АТП-листата од десет месета. Од денеска македонскиот тенисер се наоѓа на 494. позиција.
Што се однесува до врвот, Новак Ѓоковиќ е на една недела до историјата. Тој од денеска ја отвара 367. недела на врвот на АТП листата, следната недела ќе се изедначи со Штефи Граф која е апсолутна рекордерка кога станува збор за бројот на недели минати на врвот.
Зад Србинот е Карлос Алкараз, третото место му припаѓа на Стефанос Циципас, по што следи Руд, Рубљев, Надал./Sportmedia/