Актерката Џесика Смит е најпозната по „играњето“ на сонцето во популарната детска серија Teletubbies од 1997 до 2015 година.

Смит денес има 25 години и повеќе не глуми, туку работи во администрација во осигурителна компанија во Медвеј, Англија, а за Daily Star раскажала како почнала да глуми.

“Моите родители ми кажаа дека ме ставиле пред огледало и почнав да се смеам на себе. Седев на високо столче, а татко ми беше на подот и си играше со коли-играчки за да погледнам надолу. Ми рекоа и дека снимањето траело околу половина ден“, изјавила Џес.

„Беше чудно да ја видам“

Нејзината мајка, Анџи Смит, рече дека ја однела во болницата Еденбриџ во 1996 година за да ја измери и таму ја забележал човек најмен од Рагдол продукција да го најде бебето за снимањето на Телетаби.

„Кога имаше една и пол година, добивме писмо во кое се вели дека е избрана за Телетаби. Ни беше чудно да ја гледаме на телевизија“, се сеќава мајката.

Џесика има и сладок профил на Инстаграм каде се претставува како „бејби сонце“. Ја следат повеќе од 3.800 луѓе, а најмногу објавува слики со своето момче и некои настани од нејзиниот живот, а има и една со Телетаби.

Инаку, од 14 ноември новите Teletubbies со новото „sun baby“ можете да ги гледате на Нетфликс.