Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто конечно се врати во тимот на Барселона. Тој на 2-ри декември беше тестиран позитивно на коронавирус и стана јасно дека мораше да биде во изолација. Но, опоравувањето не одеше како што тој очекуваше. Сите се надеваа, па и Серхи Роберто дека по две недели ќе се врати во тимот. Но, тоа не се случило.

Имено, по првиот тест тој направил уште 25 тестови, а сите биле позитивни на коронавирус, иако тој речиси и да немал никакви симптоми.

На Серхи Роберто дури 27 тест бил негативен, па добил дозвола да се приклучи на тимот. Во меѓувреме се опоравил и од повредата, па во неделата настапи против Атлетик Билбао.

loading…