Секое утро борбата против холестеролот почнува со пиење на смеса од сок од моркови и сок од цвекло, а нивниот однос треба да е 4:1. Oва е неверојатно средство за чистење на цревата.

Никогаш не ги мешајте протеините со јаглени хидрати и не консумирајте ништо пржено, а намалете го и внесувањето шеќер и производи од тесто.

Високиот холестерол предизвикува атеросклероза, артериско оштетување, срцев удар, болка во градите, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар.

Симптомите на покачен холестерол не можат да се видат со голо око. Обично се јавуваат ако некое лице има симптоми на атеросклероза. Ова вклучува болка во градите, болка во нозете за време на вежбање, жолти дамки околу очите.

Причината за покачен холестерол е најчесто неправилната исхрана. Се покажа дека заситените масти влијаат на нивото на холестерол. Производите со висока содржина холестерол се тврдиот кашкавал, сланината, производите од тесто, павлаката, црвеното месо, саламите и други намирници.

Честото седење и недостатокот на движење, како и вишокот килограми се предиспоција за високо ниво на холестерол. Пушењето може да влијае на покачување на холестеролот, како и алкохолот.

Зголемете го консумирањето портокали, бидејќи се тие богати со пектин, кој помага во елиминирање на холестеринот, пред да успее да ги затне артериите.

Затоа портокалите наместо да ги цедите, треба да ги конзумирате цели. Заменете го обичното со брашно од овес – купете овесни снегулки и смелете ги.

Јадете повеќе грав и леќа. Растворливите влакна во овие намирници се добри за срцето и се добра замена за животинските масти кои се наоѓаат во храната која е богата со заситени маснотии.

Конзумирајте сардини, кои се богати со омега-3 масни киселини, што може значително да го намали нивото на холестерол, а со тоа и затнувањето на артериите.

Кикириките, непечени или печени со сол, ја блокираат апсорпцијата на холестерол во цревата. Кикириките се богати со мононезаситени масни киселини.

Природното чоколадо, кое содржи над 70% какао, ги намалува холестеролот и крвниот притисок и штити од создавање на тромбови.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.