Кајли Џенер деновиве го привлече вниманието на социјалната мрежа „Твитер“, но овојпат не на начинот на кој сте навикнати.
Џенер на својот инстаграм-профил со своите обожаватели и следбеници сподели како изгледа нејзиниот розов мермерен туш, но корисниците на „Твитер“ пак, детектираа нешто многу неверојатно во нејзините објави…
Кајли го сподели видеото на 17 јануари и напиша „мојата бања>“ – со симболот што се чини дека имплицира дека нејзината бања е подобра од сè друго. Освен притисокот на водата, можеби?
„Кајли Џенер живее во замок од 35 милиони долари, што е со притисокот на водата…“, напиша еден корисник на „Твитер“.
Во видеото на Кајли, тушот навистина изгледа огромен во споредба со притисокот на водата. Па, многумина едноставно не можеа да одолеат да не коментираат.
„Замислете дека сте толку богати и имате ваков притисок на вода“, додаде друг корисник.
„Парите навистина не можат да купат стил или класа“, истакна друг.
Џенер во новата година влезе со Тревис Скот и нивната 2-годишна ќерка Сторми во Аспен, Колорадо. Семејството славеше во куќа од 75 милиони долари со бел мермерен камин и сопствена куглана, меѓу другите раскоши.
Откако се врати во својата „скромна“ куќа – имот вреден 36,5 милиони долари во Холмби Хилс, Калифорнија, Џенер почна да објавува делови од нејзиниот дом, а обожавателите почнаа да коментираат дека можеби навистина и е досадно во карантин.
Куќата се протега на 15.000 квадратни метри со кошаркарско игралиште, базен, кино на отворено и слично.
Џенер има само 23 години, а нејзиното богатство се проценува на 700 милиони долари, според „Форбс“.