Јувентус и Интер вечерва го играат реваншот од полуфиналето на Купот на Италија.

Јувентус славеше на „Меаца“ со 2:1 пред седум дена и јасно е дека е многу поблизу до пласман во финалето. Но, сигурно е дека Интер нема да се предаде така лесно и дека ќе го дадат својот максимум вечерва за да дојдат до пресвртница.

Двајцата тренери имаат одредени проблеми во однос на составот. Пирло не може да смета на Леонардо Бонучи и Артур, додека под знак прашалник е и Алваро Мората, кој има стомачен вирус.

Од друга страна, Антонио Конте вечерва остана без Артур Видал и Алексис Санчез, кои беа суспендирани.

Исто така, медиумите во Италија ги објавија веројатните состави за вечерашниот судир, а многумина изјавуваат дека Конте конечно ќе му даде шанса во првата минута на Кристијан Ериксен, што е големо изненадување.

Можен составот на Јувентус: Буфон, Куадрадо, Демирал, Де Лигт, Данило, Бентанкур, Рабиот, Бернардески, Кулушевски, Киеза, Роналдо.

Можен состав на Интер: Хандановиќ, Шкрињар, Де Врај, Бастони, Хакими, Барела, Брозовиќ, Ериксен, Дармијан, Лукаку, Лаутаро.

loading…