Трета сезона во низа Јувентус е елиминиран во Лигата на шампионите од тимови кои не се од најсилните во Европа. Прво, Ајакс, па Лион, па сега Порто. Според водечките италијански медиуми и новинари, Јувентус го очекува „ремонт“. Наводно дел од екипата следната сезона нема да биде Кристијано Роналдо, кој уште од порано му навестил на својот менаџер дека би сакал кариерата да ја заврши во Париз, односно ПСЖ.

Покрај Роналдо, речиси сигурно ќе го нема и Арон Ремзи. Тој најверојатно ќе заврши во Лестер. Бернандески не е сигурен, а ќе останат МекКени, Киеза и Де Лихт.

Позицијата на Андреа Пирло исто така е несигурна, бидејќи не се снајде на тренерското место. Оваа сезона Јувентус заостанува 10 бодови зад Интер, елиминиран е во Лигата на шампионите, па се чини дека Купот, каде ќе игра финале со Аталанта е единствената шанса за пехар.