Палењето на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола е уште една провокација и дел од масовната антибугарска кампања, која започна веднаш по отворањето на клубот. Ова на Фејсбук го напиша потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Утрово стана јасно дека е запален бугарскиот културен центар во Битола. Центарот соопшти дека очекува сторителите наскоро да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Уште на неговото отворање, пред еден месец, во кое учествуваше голема бугарска делегација, рековме дека единствена функција на клубот ќе биде да ја чува бугарската култура и идентитет кај Бугарите во Северна Македонија. Само брзото откривање на сторителите од страна на надлежните органи, ќе докаже дека правата на Бугарите во нашиот западен сосед се почитуваат исто како и на останатите националности“, додаде потпретседателот во својата публикација.

Извор: Трибуна