Дербито на елитното натпреварување во Лигата на шампионите ќе биде средбата Манчестер Сити – Баерн Минхен. Интересно се очекува да биде и меѓу Реал Мадрид и Челзи. Шампионот на Италија, Милан ќе го предизвика Наполи, додека Интер ќе ја пречека Бенфика. Во полуфиналето победникот меѓу Милан и Наполи ќе се сретне со победникот од предизвикот Интер-Бенфика, додека победникот од четвртфиналето Реал Мадрид-Челзи ќе се сретне со победникот од дуелот Манчестер Сити-Баерн Минхен. Четвртфиналето се игра на 11 и 12 април и 18 и 19, додека полуфиналните средби се закажани за 9-10 и 16-17 мај.

Во Лига Европа, во четвртфиналето ќе имаме неколку интересни пресметки. Манчестер Јунајтед повторно се среќава со шпански тим, овојпат со Севиља. „Старата дама“ ќе игра со Спортинг, додека Баер Леверкузен и Рома ќе ги предизвикаат Унион Сен Жил и Феенорд. Победникот од натпреварот Рома – Феенорд во второто полуфинале ќе се сретне со победникот Баер Левекузен – Унион Сен Жил. Победникот од дуелот Манчестер Јунајтед – Севиља ќе игра со подобриот од средбата Јувентус – Спортинг. Четвртфиналните предизвици се играат на 13 и 20 април, додека полуфиналните на 11 и 18 мај.

Извлечена беше и жрепката за четвртфиналната фаза во Конференциската лига каде Фиорентина ќе се соочи со Лех Познањ, додека Вест Хем ќе игра против Гент од Белгија. Андерлехт ќе има мало дерби со Аз Алкмар, додека Французите од Ница ќе се сретнат со Базел. Победникот од мечот Лех Познан – Фиорентина ќе се сретне со победникот од Ница – Базел, додека во другото полуфинале ќе се сретнат победникот од Гент – Вест Хем и Аз Алкмар – Андерлехт./Алсат.мк

Махир Тачи

Прикажи повеќе