Ефикасноста на вакцината на компанијата Фајзер е 95 отсто, а шансата лицето кое примило две дози повторно да се зарази е еден спрема 1.000, според податоците на израелската здравствена служба Макаби.

Од 620.000 Израелци кои се целосно вакцинирани само 608 од нив се заразени со вирусот, пренесоа израелските медиуми.

Повеќето од оние кои добиле две вакцини, а се заразиле со ковид-19 имале само лесни симптоми или биле асимптоматични.

Макаби објави дека повеќе од милион членови на здравствената служба ја примиле првата доза на вакцината, а 720.000 се целосно вакцинирани.

Докторот Ентони Фаучи, главниот здравствен советник на претседателот на САД, Џозеф Бајден денеска ја пофали ефикасната кампања за вакцинација во Израел.

Тој објаснил дека во Израел се дадени 78 дози на сто луѓе, а во САД само 16,7, пренесоа израелските медиуми.