Израелската армија заплени средства во вредност од околу 1,3 милиони долари за време на војната со исламистичкиот Хамас во Појасот Газа, објави денеска портпаролката на израелското Министерство за одбрана.

Поголемиот дел од парите биле во израелски шекели и биле пронајдени „во упоришта на Хамас и во домовите на бараните лица каде што бил активен Хамас“, соопшти Министерството.

Запленети се и пари во ирачка и јорданска валута и американски долари.