Две ракети што вечерва беа истрелани од Појасот Газа се пресретнати од противвоздушниот одбранбен систем „Железна купола“, соопшти израелската армија.

Мета на ракетниот напад бил градот Ашкалон на брегот на Средоземно Море. Сè уште ниту една група не презеде одговорност за нападот.