Министерот за надворешни работи на Израел рече дека на шефот на Обединетите нации, Антонио Гутереш, му е забранет пристапот во земјата поради, како што верува, антиизраелската пристрасност на шефот на ОН.
Израел Кац рече дека го прогласил Гутереш за персона нон грата.
„Секој што не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, порача тој на социјалната мрежа „Икс“.
Гутереш вчера го осуди проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се споменува Иран.
Текстот Израел му забрани на шефот на ОН да влезе во земјата: Не заслужува да стапне на наша почва е превземен од МАКФАКС.