Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс накратко го прекина својот говор на републикански собир пред меѓуизборите, откако еден демонстрант што вееше мексиканско знаме го попречи настанот.

„Она што луѓето дома не го видоа е дека тукушто бевме прекинати од демонстрант што вееше мексиканско знаме“, рече потпретседателот, предизвикувајќи негодување и исвиркување од толпата во Далас.

„Пријателе, ако толку многу го сакаш Мексико, тогаш фати си го патот натаму. Јас ќе ти купам авионски билет“, продолжи тој. Додека толпата извикуваше „САД, САД, САД“, Венс ја искористи можноста да ја нападне „крајната левица“.

„Дами и господа, напишав цел говор, но мислам дека морам да го сменам бидејќи тукушто се соочивме со симбол на крајната левица – идиот што вее мексиканско знаме на протест, а требаше да го вее знамето на Соединетите Американски Држави“, изјави Венс.

Тој се пошегува дека демонстрантот е новиот претставник за 14-тиот конгресен округ на Њујорк, место што моментално го зазема Александрија Окасио-Кортез. Тој ги повика Американците да гласаат за републиканците на ноемвриските конгресни избори. „Мораме да испратиме порака овој ноември. Оваа земја не им припаѓа на радикалите“, нагласи тој.

Текстот (Видео) Мавташе со мексиканско знаме пред републиканците; Венс: „Оди си од овде, ќе ти купам билет“ е превземен од МАКФАКС.