Светскиот шампион, Израел, започнува контроверзен проект со ковид- беџеви за да се покаже дали некое лице е вакцинирано или не, со што ќе се дозволи првото да влегува во ресторани или на концерти.

Пред неколку дена официјално е објавен распоредот на излегување на Израел од третиот карантин од почетокот на пандемијата, благодарение на интензивната кампања за вакцинација што ја претвори земјата во мала „светска лабораторија“.

Досега се вакцинирани 4 милиони Израелци или 45 проценти од населението, од кои 2,6 милиони добиле втора доза, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство, што е највисока стапка на вакцинирани на светот.

Водечкиот државен фонд за здравствено осигурување Клалит спровел студија за 1,2 милиони вакцинирани со Pfizer / BioNTech, утврдувајќи ја нејзината ефикасност од 94 проценти.

Со ефикасна вакцина и висок процент на вакцинирана популација, властите планираат од недела постепено да ги отвораат спортските сали, трговските центри, рестораните и кафулињата.

Но, не за секого. Владата објави систем на беџеви, виолетови за оние кои не биле вакцинирани или примиле само една доза и зелени за оние кои ја примиле втората доза на вакцината или се опоравиле од ковид.

Трговските центри, библиотеките, музеите, кафулињата и некои места за верски служби, исто така, ќе бидат отворени за „виолетовите“.

Спортските сали, спортските и културни настани и рестораните ќе бидат отворени за оние со зелен беџ, т.е. оние со потврда дека примиле две дози на вакцина или дека го надминале ковидот.

„Продолжуваме со одговорни мерки од типот, „ ако сте вакцинирани, можете да влезете “, рече секретарот за одбрана Бени Ганц за таа мерка, што може тешко да се спроведе.

Покрај „беџовите“, Израелците кои примиле две дози вакцина, можат да добијат и „зелен пасош“ за да се вратат во земјата.

На почетокот на пандемијата, разузнавачките служби користеле антитерористички мерки за да ги најдат луѓето кои биле во контакт со ковид-19, предизвикувајќи контроверзи и законодавците ја запреле иницијативата.

Сега владата ги охрабрува луѓето да се вакцинираат, но мора да најде „деликатна рамнотежа“ помеѓу јавното здравје и почитувањето на слободата на поединците, рече Хагаи Левин, професор и научник за јавно здравје на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

„Во Израел, секој над 16-годишна возраст може да вакцинира бесплатно и мислам дека мора да се вакцинираме. Но, луѓето имаат право да не се вакцинираат ако не сакаат, а владата не може никого да присили на тоа “, рече тој.