Во Општина Свети Николе опожарени се 30 хектари. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека пожарот повторно е активен во Свети Николе, овој пат во атарот на селото Мездра и патниот правец Свети Николе – Куманово.

„Опожарена е ниско стеблеста и стеблеста шума на површина од над 30 гектари. Благодарение да брзата интервенција на ТППЕ Свети Николе, земјоделци и граѓани, брзо е локализиран пожарот и истиот е ставен под контрола“, додава Велковски.

Во моментов во близина на Општина Свети Николе активен е уште еден пожар. Велковски токму за тој пожар побара локалните власти на соседната општина Петровец да интервенираат, што веќе неколку дена доаѓа од нивна страна, со цел да не биде во опасност и метереолошката станица на Ѓуриште.

Посочи дека постојано го следат овој пожар во соседната општина, кој веќе се доближува на пет километри од атарот на Свети Николе.