Силна снежна бура се движи кон североистокот на САД. Националната Метеоролошка служба објави предупредување за бурата од државата Вирџинија до Мејн, каде живеат над десетина милиони лица.

Се најавува снежна покривка во висина од 45 до 60 сантиметри.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи објави вонредна ситуација. Затворени се дел од патните правци, се врши евакуација, а суспендирани се сите облици на јавен превоз.

Предупредување за снежна бура има во Филаделфија, а на жителите им е наредено да ги тргнат возилата од улиците за да може непречено да се чистат улиците.