Македонскиот тенисер Калин Ивановски испадна во полуфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот кој се игра во Монастир, Тунис. Иако беше прв носител, Ивановски не успеа да дојде до мечот за титула затоа што доживеа пораз од Италијанецот Федерико Јанаконе, од кого загуби со 0-2 во сетови (2-6, 4-6).
Нашиот тенисер тргна добро, имаше егал меч во првиот сет, се додека не дозволи брејкови и триумф на противникот. Во вториот, пак, Ивановски губеше со 2-5, па возврати со брејк и освоен свој сервис за 4-5, но противникот го затвори мечот.
Ова е втор настап на Ивановски во Тунис во краток период. Минатата недела тој дојде до финалето во кое доживеа пораз./Gol.mk./