Новиот вид на вирусот ковид од Англија навистина ја загрижи Италија. До сега се откриени два случаи на заразени со мутираниот вирус, а уште двајца се под истражување.
Денес беше издадена наредба за пронаоѓање на патниците кои пристигнале во Италија од таа земја директно или преку други земји на 6 декември.
Санитарните структури бараат списоци на патници од тој датум, иако веќе е познато дека не е можно да се следат сите, бидејќи многумина пристигнале со други превозни средства и од други насоки од земјите на ЕУ кои сè уште или не ги запреле летовите од Англија.
Повеќе медиуми објавија дека околу 28.514 Италијанци сакаат да се вратат во Италија за празниците. Голем број од нив се луѓе кои живеат во Рим.
Единствениот валиден податок досега е дека во последните две недели 3.000 патници од Англија се симнаа на аеродромот Фјумичино.
Беа побарани списоци на патници од сите аеродроми во Италија каде што слетаа патниците во последните две недели, а објавен е и зелен број со барање да се пријават тие што пристигнале за да се тестираат ако до сега не го направиле тоа.