Ново истражување на американскиот Државен универзитет во Охајо посочува дека во населбите со повеќе кучиња, има тенденција да се случуваат помалку злосторства и криминал.

Истражувачите, имено, откриле дека во овие населби има пониски стапки на убиства, грабежи и, во помала мера – помалку напади, во споредба со областите со помалку кучиња, барем кога жителите, исто така, имаат високо ниво на доверба еден во друг. Резултатите велат дека луѓето што ги шетаат своите кучиња придонесуваат за повеќе луѓе на улица, што може да го обесхрабри криминалот, според Николо Пинчак, одговорен истражувач и потенцијален доктор по социологија на Универзитетот.

– Луѓето што ги шетаат своите кучиња во суштина патролираат во своите населби. Тие гледаат кога некои работи, на пр., не се в ред и кога има сомнителни „натрапници“ во областа. Тоа може да го попречи криминалот, појасни Пинчак.

Социолозите долго време теоретизираат дека комбинацијата на меѓусебна доверба меѓу жителите и надзор на соседството може да ги одврати криминалците, смета коавторот на научниот труд, Кристофер Браунинг, професор по социологија.

Истражувањето е објавено во списанието „Сошл форсес“ (Social Forces).