За прв пат во историјата, три италијански клубови победија на првите натпревари од плејоф фаза во фудбалската Лига на шампиони. Интер синоќа во Милано го победи Порто со 1:0.

Претходната недела, Милан го победи Тотенхем исто така со 1:0, додека во вторникот  Наполи го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2:0.

Реваншите ќе се играат на 8, 14 и 15 март по што ќе биде познато дали трите калчолигаши ќе се пласираат во четвртфиналето. Последен освојувач на Лигата на шампионите од Италија беше Интер во сезоната 2009/10.

Прикажи повеќе