Денеска истекува рокот што Агенцијата за вработување им го даде на лицата кои доцнеа со пријава во евиденција на невработени лица да отидат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска.

На 18 февруари директорот на Агенцијата за вработување Абдуш Демири на прес-конференција информираше дека дотогаш околу 54 илјади лица доцнеле со пријава во евиденцијата на невработени лица (активни баратели на работа) и други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа) во АВРСМ.

– Advertisement –

-Јавно ги повикуваме сите оние лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на АВРСМ во наредните 30 дена почнувајќи од утре, да дојдат во Центрите за вработување каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа, рече тогаш Демири.

Во спротивно, како што рече Демири, Агенцијата за вработување ќе биде приморана да ги избрише овие лица од евиденцијата на невработени лица, со што ќе ги изгубат првата што ги имаат врз основа на овој статус.

– Затоа уште еднаш сакам да апелирам до сите активни и пасивни баратели на работа кои изминатиов период не се пријавиле во Агенцијата за вработување, да го сторат тоа во наредните 30 дена или најдоцна до 19 март 2021 година, рече директорот на Агенцијата за вработување.

Прикажи повеќе