За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика и песни.

Сузана на својот инстаграм – профил и на напиша:

„Вистинскиот пријател не мери кој колку пати се јавил… Вистинскиот пријател не замерува кога те нема некое време… Само се грижи за тебе… Вистинскиот пријател има разбирање дека ти е потребно време и за други пријатели, без притисок дека мораш да се вклопиш во сите негови замисли и желби… Вистинскиот пријател не те повредува, контролира, уценува и суди… Затоа и не може секој да биде ВИСТИНСКИ ПРИЈАТЕЛ…Да живеат вистинските пријатели“, стои во објавата на Турунџиева.

Таа исто така преку својот инстаграм – профил најави и дека се работи на последните подготовки пред официјалната промоцијата на нивната заедничка песна која ќе го носи насловот „Иста судбина“.

Песната официјално ќе биде промовирана оваа сабота во Штип од 18.00 часот во „Дом на млади“, каде Сузана и Атиџе се најавени како специјални гости.