Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, побарал трансфер од управата на клубот, пренесуваат шпанските медиуми.

28-годишниот фудбалер не е стандарден во составот на тренерот Зинедин Зидан, а неговите соиграчи наводно се незадоволни од неговиот однос кон обврските, пред сè на тренинзите.

Неодамна дојде до конфликт помеѓу Иско и капитенот на „кралската“ екипа Серхио Рамос, при што дефанзивецот на Мадрид негодуваше за неговиот недозволен индолентен однос.

Иско сака да биде дел од репрезентацијата на Шпанија на Европското првенство во 2021 година, и смета дека единствениот начин да се бори за место во тимот е да го смени клубот.

Англиските медиуми неодамна напишаа дека Евертон е заинтересиран за него. Шпанецот оваа сезона одигра 13 мечеви во сите натпреварувања и постигна еден гол.