Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп открива дека му дал подарок на Карло Анчелоти пред минатогодишното финале на Лигата на шампионите и на шега вели дека очекува возвратен подарок пред утрешниот меч.

Реал Мадрид го совлада Ливерпул со 1:0 во минатогодишното финале во Париз, а утре Анчелоти и Реал Мадрид гостуваат на „Енфилд“ во меч кој предизвикува огромно внимание.

„Карло е еден од најдобрите тренери против кого сум играл, го обожавам. Се работи за човек кој имаше фантастична кариера, но секогаш остана скромен. Тој е и одлична личност и сакам повторно да се сретнеме. Последен пат кога се видовме му дадов подарок, можеби тој има подарок за мене овојпат“, вели Клоп.

Прикажи повеќе