Министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амирабдолахиан, ги коментираше тензиите меѓу Кина и Тајван и рече дека Америка уште еднаш покажа дека претставува голем извор на закана за стабилноста на светот.

Advertisements

Шефот на иранската дипломатија истакна дека Иран го поддржува принципот на една Кина и се осврна на акциите на САД.

– Иран го поддржува принципот на една Кина. Провокативните акции на Соединетите Американски Држави се извор на закана за меѓународниот мир и стабилност – рече тој.

Тој исто така нагласи дека САД, како и другите земји, мора да го почитуваат интегритетот на земјите.

– Почитувањето на територијалниот интегритет на земјите е еден од познатите основи на меѓународното право. Поддршката на Исламската Република Иран на принципот на една Кина во овие рамки е несомнена – заклучи првиот човек на иранската дипломатија.

Прикажи повеќе