Електронскиот уред што го загрева, а не го гори тутунот, IQOS (ајкос) од денеска е достапен и во Тетово во продажниот објект на Нептун.
Иновативниот IQOS се базира на нова технологија којашто, со загревање на тутунот овозможува при користењето на овој уред да се испуштаат дури 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето.
– Advertisement –
Производот создаден од Филип Морис е резултат на повеќе од една деценија истражувачка работа, посветеност на повеќе од 400 врвни научници и експерти и инвестирање во неговиот развој повеќе од 7 милијарди долари. Заради максималното намалување на испуштањето штетни состојки и со тоа влијание врз пушачите и нивната непосредна околина, денес IQOS е се пораспространет и е начин возрасните пушачи да престанат со традиционалните цигари и да преминат на IQOS. Овој избор досега го прифатија и користат IQOS приближно 12 милиони пушачи од 64 земји низ целиот свет.
Со создавањето на IQOS, компанијата се грижи за возрасните пушачи и им нуди подобар избор, поттикнувајќи ги на позитивни промени и притоа придонесува за создавање свет без чад.
Освен во Тетово, IQOS e достапен во Скопје во трите големи трговски центри – Сити Мол, Рамстор и Капитол, а од неодамна е достапен и во Павел Тобако во центарот на Куманово. Покрај тоа, овој производ може да се купи и онлајн преку веб-продавницата.