Индија објави најголем дневен број на смртни случаи од Kовид-19 во светот, 6.148, откако една голема федерална држава ги ревидираше своите податоци за да ги земе предвид луѓето кои подлегнаа на болеста дома и во приватните болници.
Министерството за здравство во Бихар, една од најсиромашните држави во Индија, во средата ги ревидираше податоците за вкупните смртни случаи поврзани со Kовид-19.
Досега најголем број смртни случаи за еден ден беа регистрирани во САД – 5.444 смртни случаи од Ковид-19 на 12 февруари.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Индија сега изнесува 29,2 милиони, што е зголемување за 94.052 во последните 24 часа, додека вкупно починаа 359.676, според Министерството за здравство.