Индија го премина Бразил по бројот на потврдени случаи на коронавирус и сега по САД е втора земја во светот по бројот на позитивни на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа во Индија е регистриран рекорден број на новозаболени откако се потврдени 168.912 случаи на Ковид-19.

Од почеток на пандемијата во Индија се потврдени вкупно 13,53 милиони случаи. Починати се вкупно 170.179 лица, а во последното деноноќие бројот на починати е 904.

Индија по бројот на смртни случаи од коронавирус е четврта во светот, по САД, Бразил и Мексико.