Сите граѓани кои ја примиle првата доза на вакцината „АстраЗенека“, како и оние кои ќе се вакцинираат во следните денови треба да знаат дека по примање на првата доза од вакцината, се потребни до три недели да се создаде имунитет.

Тоа значи дека сите кои деновиве примиле вакцина треба да се исклучително внимателни следните недели и да продолжат да ги почитуваат мерките за лична заштита, како носење маска, физичка дистанца и одржување лична хигиена – информираат од Министерството за здравство

Од Министерството посочуваат дека најчести несакани ефекти по примање на вакцината се болка на местото на апликација, црвенило и чешање, покачена телесна температура, треска, главоболка, болки во мускули.

Овие несакани ефекти се јавуваат кај една од 10 индивидуи. Поретко се јавува алергиска реакцијa Најчесто несаканите ефекти се благи и краткотрајни и исчезнуваат еден до два дена по вакцинацијата – се наведува во соопштението.

Од Министертсвото посочуваат дека повеќе информации за вакцините може да се најдата на неговиот официјален вебсајт https://kovid19vakcinacija.mk/za-vakcinite/.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.