Еден млад човек (27) почина во Уругвај од последиците на коронавирусот , седум дена откако покажа први симптоми на болеста. Младиот човек е една од 11-те жртви кои ги загубија своите животи на 19 март, а најстрашно од се е што упорно одбивал да признае постоење на вирусот и тврдел дека станува збор за обичен грип.

Според локалните медиуми, младиот човек со денови покажувал симптоми на Ковид-19, но тој упорно одбивал помош. Тој дури и потпишал дека не сака да биде тестиран за коронавирусот.

Официјални лица за медиумите потврдиле дека младиот човек, свесно одбил медицинска помош.

Тој, како и многу луѓе, не веруваше во коронавирусот. Тој веруваше дека станува збор за грип, минлива болест што треба да се игнорира. Сè започна како кивање, но тој одби да биде тестиран, дури и го потпиша да не се тестира – соопштија властите.

Тие исто така наведуваат дека семејството на младиот човек секогаш тврдело дека „политичарите ја измислиле короната“.

– Имаше симптоми околу една недела, но дури и кога состојбата почна да се влошува, тој секогаш велеше дека не сака лекарска помош – објаснуваат надлежните.

Наводно, по неколку дена, загриженото семејство успеало да го убеди да направи PCR-тест и пристигнал позитивен резултат. Иако наскоро бил примен во болница, тој не бил спасен.

Девојката на починатиот млад човек исто така била заразена, но исто како и нејзиниот партнер, таа одбила да добие медицинска помош. Во неделата нејзината состојба драстично се влошила и итно била примена во болницата во Минас.

– Постојат луѓе кои го негираат постоењето на болеста. Состојбата во целата покраина е загрижувачка. Лекарите велат дека на интензивна нега има се помалку слободни кревети – велат надлежните.

Во изминатите неколку дена полицијата ги интензивираше контролите и ги санкционираше младите кои свесно ги кршат мерките. Сепак, тие имаат големи проблеми. Веднаш штом ќе го растурат собирот на една улица, добиваат извештај дека младите се собрале на друг дел од градот.