Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, изјави дека затворската казна што му ја изрече турскиот суд е политичка и незаконска. Турскиот суд вчера го осуди Имамоглу на повеќе од две години затвор и му забрани да извршува политички функции, поради наводни навреди упатени кон членови на Државната изборна комисија. Имамоглу се сметаше за силен противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори следната година. Тој има право да ја обжали изречената пресуда.