Иако вчера кажа дека барем засега нема одлука да се врати профилот на Трамп, новиот сопственик на социјалната мрежа Твитер, милионерот Илон Маск преку анкета објавена денеска ќе одлучува дали ќе се врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на твитер. Анкетата е објавена пред речиси 8 часа и до сега гласале над 7 милиони корисници. Во моментов 53 отсто гласале да, додека пак 47 отсто од испитаниците одговориле со не.
Сметката на Трамп беше трајно суспендирана по немирите на Капитол Хил во јануари 2021 година.
Маск вчера најави дека ќе бидат обновени корисничките сметки на други контроверзни личности како Катја Грифин, Џордан Петерсон и конзервативниот сатиричен портал Бабилон Би на Твитер, социјалната мрежа која милијардерот неодамна ја купи.
Сметката на комичарката Грифин на почетокот на овој месец беше забранета поради имитирање, имено затоа што таа го смени името на сметката во „Илон Маск“. Десничарскиот автор и психолог д-р Петерсон беше суспендиран од Твитер во јули по објавата за трансродовиот актер Елиот Пејџ, за која социјалната мрежа рече дека ја прекршила нејзината политика за „содржини со омраза“.
Сметката на христијанската сатирична веб-страница Бабилон Би беше суспендирана од истата причина, откако во март објави: „Човек на годината на пчелата од Бабилон е Рејчел Левин“, мислејќи на заменичката министерка за здравство на САД, која се декларира дека е трансродова./360stepeni/