Извршниот директор на „SpaceX“, Илон Маск, сега контролира повеќе од една четвртина од сите активни сателити во орбитата околу Земјата, откако лансираше повеќе од десетина „Starlink“ мисии во текот на изминатите две години, пренесува „Индепендент“.

Ракетата „Falcom 9“, денес ќе ја испорача најновата серија од 60 сателити „Starlink“ во орбитата од вселенскиот центар на НАСА во Флорида, со што вкупниот број на „Starlink“ во орбитата ќе се искачи на повеќе од 1000.

Instagram
Instagram

Мисијата, наречена „Starlink 17“, е последна во планот на „Space X“ за создавање соѕвездие сателити за пренасочување на брз Интернет кон Земјата.

Instagram
Instagram

Анализата на податоците од сателитскиот тракер „Celestrak“ открива дека 946 „Starlink“ сочинуваат 27,3 проценти од сите активни сателити во орбитата од 1 февруари 2021 година.

Instagram
Instagram

Според сегашната стапка на лансирање, тој удел би можел да достигне половина во одреден момент следната година, а физичарот и поранешен астроном Аластер Ајзак истакна дека „SpaceX“ сега сочинува повеќе од една петтина од сите лансирани ракети во светот.

Мисиите на „Starlink“ сочинуваат голем број од овие лансирања, со мал број кои се користат за лансирање сателити за други клиенти, како и за испорака на товар и екипаж до Меѓународната вселенска станица (ISS).

Instagram
Instagram

Пред само една година, нето вредноста на Маск беше 27 милијарди долари, што не беше доволно да се втурне меѓу 50-те најбогати луѓе во светот. Но, на почетокот на 2021 година, Илон Маск стана најбогатата личност во светот со нето вредност од над 200 милијарди долари.