Две годишно момче од Кентаки, САД починало откако земало дрога фентанил, која има дејство слично на хероинот. Неговата мајка дрогата ја купила со парите кои ги добила како државна помош.

Лорен Ешли Бејкер (33) на полицијата и признала дека ја купила дрогата минатиот викенд во Синсинати од добиената помош од државата. Во полицискиот извештај се наведува дека Бејкер дрогата ја донела во местото каде живее и ја поделила во уште две лица.

Откако консумирала наркотици, таа засапала, а нејзиниот син го земал остатокот од дрогата од нејзината чанта. Кога се разбудила видела дека чантата е празна, а го нашла и синот кој не дишел. Таткото на момчето, по доаѓањето дома, повикал итна помош.

Малото момче било пренесено во болница каде е прогласено за починато, се наведува во извештајот.

Мајката се соочувал со обвинение за убиство, увоз на фентанил и трговија со супстанци. Таа се наоѓа во притвор, а доколку биде осудена за убиство би можела да добие затворска казна од 50 години.