Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска во изјава за медиумите посочи дека барал да се донесе одлука за пристапување на преговори со Албанија и Македонија во ЕУ.

Според него, Брисел овие две земји ги малтретира со години.

Тој посочи дека пред неколку дена бил повикан за да се придружи и потпише на заедничка изјава на претседателот за Источна Европа за тоа на Украина да и се даде моментален статус на кандидат за членство во ЕУ.

„Во ред, ситуацијата е вонредна, разбирам. Бев спремен тоа да го потпишам доколку во тој статус се подигне прашањето околу Босна и Херцеговина и Република Косово, која некој членови на ЕВропската Унија се уште не ја признале. Па мислам дека сега лесно им дојде од пета во глава за да го признаат Косово , без било кого да го нагазат или навредат. Барав да се донесе одлука за пристапување на преговори со Албанија и Македонија, кои Брисел ги малтретира веќе со години. Тоа за нас е еднакво важно како Украина“, вели Милановиќ.