Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 1975 новозаболени од ковид-19, а починале 76 лица, соопшти Националниот штаб на цивилна заштита, пренесе Бета.рс.
Направени се 9191 тест на коронавирус.
Во моментов во Хрватска има 18627 активни случаи на корона. На болничко лекување се 2976 пациенти, од кои 290 се приклучени на респиратор.
Од почетокот на пандемијата во Хрватска од последиците предизвикани од вирусот корона починале 3177 лица, а заболени се 194962 граѓани.