Како што официјално информира денеска прволигаш, хрватскиот интернационалец Еди Баша е нов играч на велешкиот клуб.

Станува збор за крилен напаѓач и со успех има настапувано во повеќе екипи во елитните првенства во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Клубот не застанува тука и паралелно преговара и со уште еден странец кој би требало да го засили средниот ред и уште со двајца македонски фудбалери и голман.

Претходно клубот веќе ги договори Колумбиецот Алехандер Борха и Лука Трајкоски. Најавите се дека в петок е закажан стартот на подготвителниот период.

После есенскиот дел во шампионатот, моментно на табелата Борец Велес се наоѓа на шестата позиција со 25 бодови.

Колумбиецот Борха и Трајкоски нови фудбалери на Борец Велес!