
Jапонската фирма има различни опции за враќање и веќе ја ивестиле Светската автомобилска федерација (ФИА). Компанијата го напушти шампионатот на крајот од сезоната 2021 година, иако продолжува да работи со Ред Бул и Алфа Таури.
Во 2026 година Хонда би можела да стане само производител, но разгледувани се и други опции во последните денови. Една од нив е соработката со Алфа Таури, која може да стане фабричка екипа на Хонда, па дури и стекнување на тимот во своја сопственост.
Исто така се шпекулира дека Форд би можел да стане снабдувач ос мотори во Ред Бул, како што објави германскиот печат во ноември.