Тимот од Берлин сака да се замеша во борбата за трофеите и нема да жали пари остварување на таа цел.

Херта Берлин е сериозна во намерите да го потресе фудбалскиот пазар и сака да ангажира две екстра засилувања, пишува „Кикер“. Станува збор за капитенот на Аталанта, Папу Гомез и на играчот на ПСЖ, Јулијан Дракслер.

Папу Гомез е во војна со тренерот Џанпјеро Гасперини и од средината на декември, тој нема одиграно ниту еден натпревар.
Проблем за евентуланиот трансфер за Папу Гомез е интересот на екипи како Милан, Интер, ПСЖ, Арсенал кои исто така не планираат да штедат на неговиот ангажман.

Далеку поизвесно е дека Дракслер до крајот на зимскиот преоден рок ќе се согласи да се врати во Бундеслигата и потпише за Херта бидејќи не се наоѓа во плановите и на новиот тренер на ПСЖ, Маурицио Покетино.

Колку се сериозни овие најави од Херта доволно говори податокот дека сопственикот на клубот, Ларс Виндхорст во последните два преодни рока потроши оклу 150 милиони евра за засилувања. Беа досенени звучни засилувања како Лука Тусар и Кшиштод Пјонтек и фантастични играчи од Бундеслигата, Џон Кордоба и Матеус Куња.

Херта сезонава игра послабо од очекувањата и екипата по 17. кола во Бундеслигата се наоаѓа на 14. место на табелата со само 17 бодови.