Хеликоптер денеска се урна во близина на градинка и станбена зграда во градот Бровари во близина на Киев, а има и жртви, изјави локалниот гувернер. Шефот на украинската национална полиција изјави дека во во хеликоптерската несреќа во Бровари загинале министерот за внатрешни работи, неговиот заменик и државен секретар на министерството за внатрешни работи. Според него, имало 16 загинати и околу 20 повредени. „Имаше деца и персонал во градинката во моментот на оваа трагедија. Сега сите се евакуирани. Има жртви“, напиша гувернерот на Киев, Олексиј Кулеба на апликацијата за пораки Телеграм.

Засега не е јасно што го предизвика падот на хеликоптерот. Немаше никаков коментар од Русија, чии војници ја нападнаа Украина минатиот февруари, а украинските власти не упатија никакво повикување на каков било руски напад во областа во тоа време. „Дознаваме информации за жртвите и околностите“, напиша заменик-шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Кирило Тимошенко, на апликацијата за пораки Телеграм.

Прикажи повеќе