Португалија блескаше против Швајцарија и победи со 6-1, но, тоа не го задоволи капитенот Кристијано Роналдо, кој остана фрустриран на клупата за резерви и доби шанса во последните дваесетина минути.
Португалскиот весник „Рекорд“ објави шокантна вест, дека Роналдо се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата и ќе си замине дома од Мундијалот, затоа што не беше стартер на тој меч.
Роналдо беше незадоволен и кога селекторот Фернандо Сантош го повлече од игра на мечот против Јужна Кореја во групната фаза. Многу веројатно е дека сега ќе го остави на клупата и на четвртфиналниот дуел против Мароко.