Како што пренесуваат медиумите во САД, Џејмс Харден неколку пати влегол во вербална расправија со соиграчите на вчерашниот тренинг.

Според медиумите, Харден во еден момент дури го гаѓал со топка Џејсон Тејт, откако размениле неколку тешки зборови. Топката не го погодила младиот кошаркар, а тензиите набрзо се смириле по што тренингот бил одработен во целост.

Да потсетиме, Џејмс Харден веднаш по завршувањето на минатата сезона побара да биде разменет бидејќи е незадоволен од промените во Хјустон. Тренерот Мајк Дантони беше отпуштен, а си замина и генералниот менаџер Дерил Мори.

Управата на Хјустон не му ја исполни желбата на Харден да го размени во Филаделфија сиксерс бидејќи тимот од Источната конференција не сакаше да се откаже од својата втора голема ѕвезда, Бен Симонс.

Популарната „брада“ својот револт од актуелната состојба го искажа така што не се појави на стартот од подготовките и наместово Хјустон, тој беше забележан во стриптиз клуб во Атланта.

ВИДЕО: „Ракетите“ ги започнаа подготовките, Харден ужива во стриптиз клуб