Односот меѓу клубот од Бенфика и аргентинскиот играч за врска, Енцо Фернандез e сосема влошен. Фудбалерот без дозвола од својот клуб замина во Буенос Аирес за да ја помине новогодишната ноќ, што предизвика гнев кај навивачите и менаџерите на лисабонскиот тим.
На фудбалерот му беше поставен ултиматум веднаш да се врати во португалската престолнина или ќе се соочи со голема парична казна поради прекршување на дисциплинските прописи на клубот. Енцо, всушност, мисли дека завршил со португалскиот тим и сака да му се приклучи на Челзи на овој зимски пазар, а лондонскиот клуб е подготвен да плати 127 милиони евра за него, пишува Дејли Меил.
Енцо Фернандез се врати на тренинзите на Бенфика во вторник и планира да се сретне со претседателот на клубот Руи Коста и тренерот Роџер Шмит. „О Јого“ уверува дека аргентинскиот фудбалер сака веднаш да си замине и не сака повторно да игра со Бенфика ниту на 6 јануари против Портимоненсес во првенството.
Од Аргентина пишуваат дека договорот меѓу Енцо и Челзи е затворен, но сега англискиот клуб мора да го стори истото со Бенфика.
Клубот на чело со Руи Коста во моментов не е подготвен да ги намали своите побарувања. Бенфика би го пуштила Енцо да си замине доколку Челзи ја плати неговата ослободителна клаузула од 120 милиони евра со една исплата. „Дејли мејл“ објави дека англискиот тим е подготвен да плати 127 милиони во три исплати во следните две години, услови кои Руи Коста се вели дека ги одбил.
Настаните многу внимателно ги следи Ривер Плата, а аргентинскиот клуб поседува 20% од картата на фудбалерот. Доколку понудата на Челеа биде прифатена, Ривер Плата ќе има корист од 33 милиони евра.